- Секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа може да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Законот на Република Македонија ова право им го овозможува и на странските правни и физички лица. Барање се поднесува на образец утврден од страна на Комисијата (достапен на www.komspi.mk).
- Барањето треба да содржи назив на имателот на информации, име и презиме на барателот, фирмата или правното лице, податоци за можен застапник/полномошник, информацијата со која сака да се запознае, начинот на кој сака да ја добие информацијата. Во барањето треба да бидат посочени и адреса, тел. контакт, или е-маил на барателот на информацијата.
За подетални информации околу правата и обрските на барателите и имателите на информации од јавeн карактер посетете ја веб страната на Aгенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (https://aspi.mk/).
Службено лице за спроведување на законот за слободен пристап до информации :
Игор Мурговски, тел 047-207-432, murgovski.igor72@gmail.com