Секторот за правни, кадрови и општи работи ги опфаќа работите на целокупното општо, правно, кадрово работење, работи од областа на безбедност и здравје при работа, работи во делот на јавните набавки, работи со човечките ресурски и др.

Секторот ги врши следните задачи и обврски:

  • изготвување на решенија од областа на правата и обврските на вработените;
  • водење на кадровска евиденција, изготвување на договори;
  • изготвување на тужби, жалби, приговори и други акти пред надлежни органи;
  • изготвување на предлог акти на претпријатието, изготвување на записниции, одлуки и други акти за органите за управување;
  • застапување и преставување на претпријатието пред судовите и другите органи;
  • го организира функционирањето и работењето на архивското работење;
  • го организра прибирањето, средувањето, чувањето и отуѓувањето на целокупната документација на претпријатието.