Основна дејност на Секторот комунална хигиена е управување со комунален и друг вид на неопасен отпад на територијата на општина Битола. Во состав на секторот е и одделение за технички работи и услуги во чии состав е одделот за згрижување на животни скици и одделот за подигање на возила (ПАЈАК СЛУЖБА).
Секторот ги врши следните активности:
- собирање и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
- депонирање на комунален отпад;
- селективно собирање на отпад (хартија и пластика РЕТ);
- механички третман на селектиран отапад;
- распоредување на специјализирани садови за собирање на отпад;
- подигање на погрешно паркирани возила или возила кои го попречуваат нормалното движење на останатите возила;
- фаќање на кучиња скитници и нивно згрижување.
Управувањето со комуналниот и другите видови на неопасен отпад се врши од градот Битола и од 16 села кои гравитираат во општина Битола (Логоварди, Лопатица, Кукуречани, Кравари, Дихово, Трново, Магарево, Долно Оризари, Бистрица, Нижо Поле, Жабени, Буково, Карамани, Крклино, Трн и Лавци). Собирањето на комуналниот и другите видови на неопасен отпад се врши по реонски систем при што на територијата на општина Битола воспоставени се 15 реони.
Според анализите направени од страна на ЈП Комуналец Битола просечните неделни собрани количини на комунален отпад знесуваат околу 545 тони/нед. Односно околу 28340 тони/год.
Депонирањето на комуналнот и другите видови на неопасен отпад се врши во депонијата Мегленци според површинска метода.