Секторот јавно зеленило врши дејности и активности кои се однесуваат на одржување на хигиената на јавните прометни површини како и одржување на јавните зелени површини.

Во делот на одржување на јавните зелени површини активностите се одвиваат во насока на:

  • одржување на постоечките јавни зелени површини во градот,
  • подигнивање и одржување на нови зелени површини;
  • одржување на паркови и дрвореди;
  • одржување на тротоарното зеленило;
  • одгледување на садници и цвет од сопствено производство;
  • изработка на предлог идејни решенија за хортикултурно уредување;
  • како и одржување на јавната чистота во општина Битола (метење и миење на улици, чистење на снег од мостовите и тротоарите);
  • поставување на комунална опрема  (клупи, корпи за отпадоци и др.).