Под мотото СЕЛЕКТИРАМЕ И РЕЦИКЛИРАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТА БИТОЛА, ЈП Комуналец Битола и правното лице за постапување со отпад од пакување ДОО Пакомак Скопје во соработка со општина Битола дополнително распоредија 500 пластични канти со волумен од 120 литри за примарна селекција на отпад (РЕТ пластика) од индивидуални домаќинстава на територијата на општина Битола. Кантите се распоредени во Лавчанската населба и населбата Недопирливи, при што со услуга на селектирање на отпадна пластика (РЕТ) ќе бидат опфатени 500 нови домаќинства, така да вкупниот број на индивидуални домаќинства на територијата на општина Битола опфатени со услуга на селекција на сув и воден отпад ќе изнесува 1000 домаќинства. Донираната опрема од пластични канти е во вредност од 1 милион денари, додека вредноста на контејнерите за отпадна ПЕТ пластика од 1,1м3 за колективни станбени едници е со вредност од 2 милиони денари.