JП Комуналец Битола и правното лице за постапување со отпад од пакување Пакомак ДОО Скопје ја продолжија својата соработка за наредната година. За таа цел од страна на Пакомак ДОО Скопје на општина Битола му донира 500 пластични канти во жолта боја со волумен од 120 литри и 20 контејнери од 1,1м2 за селективно собирање на отпадна платика.Комуналната опрема ќе биде распоредена во колективни и индивидуални домаќинства во согласност со планот и програмата за собирање на отпад.