По повод Европскиот ден на соработка во присуство на градоначалничката на Општина Битола, ЈП Комуналец Битола отвори „Еко центар“ за едукација на теми од заштита и унапредување на животната средина наменет за зголемување на свеста на младите, меѓутоа и на сите граѓани воопшто. Во истиот ќе следуваат активности на еко патроли, еко проекти, еко работилници, со кои што на младите ќе им расне свеста за тоа како треба да се грижиме за животната средина, која што опфаќа повеќе сегменти, не само воздухот, кој што најмногу беше третиран во изминатиот период во Општина Битола.