Директорите на петте јавни претпријатија во Општина Битола, Александар Марковски, Александар Касапов, Методи Силјановски, Горан Козаров и Панде Богоевски, на јавна презентација пред граѓаните ги презентираа изработените проектите во мандатот од една година на новата локална самоуправа.

Поздравен говор пред присутните и благодарност за взаемната соработка со јавните претпријатија при реализирањето на проектите на Општина Битола изрази градоначалничката м-р Наташа Петровска.

Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски ги претстави надлежностите на ова јавно претпријатие, како и постојаната заложба за селектирање отпад, поставување на нови канти во населбите и состојбата со депонијата Мегленци. Тој истакна и дека за добра поставеност на работниците, потребна е и мотивација, а ова јавно претпријатие, освен што подели регрес, ги зголеми и платите на вработените за 8,3%.На трибината беа поставени прашања од страна на присутните граѓани, кои воглавно се однесуваа на комуналната хигиена, поставување на канти за отпад во селата, начинот на одржување хигиена во градскиот пазар итн.