По повод 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина, ЈП Комуналец Битола и Општина Битола, во соработка со другите јавните претпријатија и невладините организации: „Биосфера“,„Баирска светлина“, „Европска гледна точка“, „Волвокс“ и „СУМНАЛ“ во координација со општинскиот комунален инспекторат зеде учество во рамките на акцијата за расчистување на диви депонии на територијата на општина Битола. ЈП Комуналец Битола, со своја механизација изврши чистење на дива депонија на месноста викана Тепсија, во месната заедница Димитар Влахов.