ЈП Комуналец Битола отпочнува процес на надоградување на својата мрежа на управување со посебни видови на отпад со процес на селективно собирање на отпадно стакло. Во првата фаза на проектот ќе бидат опфатени само правни лица како што се ресторани, кафани, хотели и кафичи. На истите ќе им бидат поделени 50 специјализирани садови пластични канти со волумен од 0.120м³ за собирање на стаклена амбалажа.