По повод акцијата Македонија без отпад организирана од страна на МЖСПП и асоцијацијата Ајде Македонија, ЈП Комуналец Битола на ден 18.10.2014 година изврши чистење на 4 локации на диви депонии на територијата на општина Битола и тоа: • Напуштена куќа на ул. Јане Сандански во непосредна близина на Битоласки Весник; • Во непосредна близина на старите Св. Неделски гробишта; • Во кругот на Клиничка болница Битола; • Месноста викана чешма кај село Ѓавато на регионалнит пат Битола Ресен. Паралено со овие активности ЈП Комуналец Битола им излезе во пресрет на сите основни училишта од град Битола (10) кои активно се вклучија во чистење на своите училични дворови..