На ден 3.10.2014 година (петок) со почеток во 18.00 часот во малата сала на ЈНУ Центарот за култура Битола “ЈП Комуналец” Битола и Општина Битола организираа едукативна трибина на тема “Отпадот – составен дел на животот”, со целни групи деца од предшколска возраст и ученици од основните училишта. Предавач на трибината бешe председателот на здружението на даватели на комунални услуги во источна Германија г-дин Волфганг Рајзен германски експерт од областа на животната средина со специјалност комунален отпад и негово третирање и професор доцент Сабине Гермерхаус предавач на универзитетот во Дрезден на одделот за заштита на животна средина и и хемија.