Преку организиран систем на мерки и активности до подигнување на свеста за селекција и рециклирање на отпадот. На оваа тема денес во Еко Центарот во Битола заедничка средба на градоначалничката на Битола, директорот на ЈКП Комуналец и директорите на градинките, основните и средните училишта од градот.

Идејата е, на денешната средба со директорите на градинките и училиштата од градот, да се дефинираат активностите кои што следуваат, затоа што во второто полугодие ќе имаме интегриран систем на активности во кои што ќе бидат вклучени учениците, со цел од најрана возраст да стекнат навики околу подигнувањето на еколошката свест и култура.

На средбата се направи промоција на активностите за она што значи соработка на општината со јкп Комуналец и со Технолошко техничкиот факултет од Велес, кој што е дел од проктот за стимулирање на учеството на граѓаните во процесите на рециклирање. Се разговараше и за оперативниот план за промотивни активности на ЕКО Центарот во воспитно образовните институци.

Проектот „Стимулирање на учеството на граѓаните во процесите на рециклирање преку имплементација на бенефит системите” е во соработка на Општина Битола и ЈП „Комуналец“ со Техничко-технолошкиот факултет во Велес e во рамки на програмата за прекугранична соработка Балканмед.