На иницијатива на градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, од оваа година добитниците на 4-то ноемвриската награда за животно дело ќе засадуваат по едно дрво во посебно наменетиот простор во Градскиот парк. До секое засадено дрво, ќе се наоѓа и натпис со името на добитникот и годината на засадување.

Во Алејата на добитниците на наградата за животно дело, годинава, честа прва да го оплемени просторот со засадување ја имаше овогодинешната добитничка Виолета Томовска.

ЈП „Комуналец“, под чија надлежност е одржувањето на садниците во Градскиот парк, ја изнајде соодветната локација, веднаш до детското катче во Градскиот парк.