Екипи на јавното претпријатие Комуналец извршија уредување на дрворедот на улицата “Иван Милутиновиќ“ (Филип II Македонски), на потегот од стоковната куќа “Јавор“ до крстосницата кај “Бела Чешма“. Акцијата беше и со цел да се подобри осветленоста во вечерните часови на улицата и на тротоарот.