Во ЈП„Комуналец“ како и во секое друго јавно претпријатие потребно е постепено да се прават што е можно повеќе инвестиции, а инвестициите не значат само инвестиција во опрема, механизација, средства, многу битен момент е и инвестицијата во човечкиот фактор, вели директорот Панде Богоевски.

„ЈП „Комунелц“ успешно работи, со добри, односно одлични финансиски резултати и ова е веќе трет пат да се врши подигнување на вредноста на бодот и практично во овој четири годишен период ( освен ланската година заради ковид пандемијата) имаме веќе 30 проценти зголемување на платата во изминатите три години“ рече Богоевски.

Тој вели дека само мотивирани работници можат да се грижат за успешноста на претпријатието во давањето на услугите кон граѓаните.

И додава дека во „Комуналец“ преку 20 години пред неговото доаѓање немало зголемување на платите.

 

 

Извор: ТЕРА МК