Екипи на јавното претријатие “Комуналец“ започнаа со разубавување на новата пешачка зона, која се наоѓа на “Булеварот 1-Мај“, на потегот од Безистенот до Ленски мост. Деновиве започна поставувањето на урбаната опрема, жардинери, клупи, а поради поголема безбесност  на минувачите веќе се поставуваат столбчиња кои се поврзани со дебел синџир. Со оваа урбана опрема, улицата, која сега е пешачка зона, ќе добие нов лик и ќе биде препознатлива во централниот дел.