ЈП Комуналец Битола, Друштвото за управување со паковање и отпад од паковање Пакомак ДОО Скопје и општина Битола отпочнаа реализација на пилот проект за примарна селекција на отпадна пластика од индивидуални домаќинства. За таа цел во Брусничката населба бесплатно се распоредени 500 канти од 120 литри во жолта боја за собирање на РЕТ пластика.