По повод набавката на новата опрема за депонирање на отпад во депонија Мегленци, булдожер LioGond 160 R, градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска оствари работна посета на ЈП Комуналец , односно депонијата Мегленци. На работната средба градоначалничката беше запозната со динамиката на работа на депонијата и условите за работа на истата. Градежната машина булдожер за работа на депонија, чини 7 646 400 денари е од голем бенефит за успешно работење на депонијата, како и навремено интервенирање во одредени ситуации, како на пример пожарите при кои во минатиот период, поради застарената механизација, процесот на интервенирање беше значително отежнат.