ЈП Комуналец Битола и општина Битола, во соработка со останатите јавни претпријатија ја започнаа акцијата за засадување на елки на територијата на Битола. Акцијата започна на локација во нова Битола во непосредна близина на трговскиот комплекс Сезам. Со закцијата ќе бидат опфатени определен број на слободни површини. Дел од садниците ќе бидат доделени и на физички лица (индивидуални или колективни домаќинства).