ЈП Комуналец Битола во соработка со правното лице за постапување со отпад од пакување ПАКОМАК ДОО Скопје како пилот проект распореди специјализрани садови со волумен од 120 литри за собирање на отпадно стакло. Садовите се распоредени во правни лица кои се занимаваат со угостителска дејност. Собраните количини на овој вид на отпад се складираат во дворот на ЈП Комуналец од каде се предаваат на понатамошен третман. За почеток на пилот проектот распоредени се 20 специјализирани сабови.