ЈП Комуналец Битола воведува олеснителни економски мерки за физичките лица и правните лица, заради состојбата предизвикана од Корона вирусот
Се известуваат сите физички лица корисници на услугите на ЈП Комуналец Битола, дека сметките за ѓубретарина за месеците април и мај 2020 година, ќе бидат ослободени од плаќање на камата за овие два месеци, доколку истите ги платат најдоцна до 01 октомври 2020 година.
Се известуваат деловните објекти (кафичи, ресторани, кафеани и др.) корисниците на услугите на ЈП Комуналец Битола, кои не работеа поради ширење и сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 ќе бидат ослободени од плаќање на сметките за ѓубретарина за месец април 2020 година