Почитувани граѓани:

ЈП Комуналец Битола, ве известува дека во периодот од 4.09 до 31.10.2017 година, ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје и општина Битола организираат наградна игра под мото “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГАДУВАМЕ”. Сите граѓани кои сакаат да учествуваат во наградната игра должни се да донесат отпадна електронска или електрична опрема во еколошкиот двор сместен во кругот за ЈП Комуналец Битола на ул.16-та бб Битола, при што согласно правилата на играта ќе добијат купон. Извлекувањето на наградните купони е на 31.10.2017 година.

Подетални информации на тел. броеви 047 207 400 и 047 207 426 или во ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје на тел број 02/309 77 66

Во прилог го доставуваме соопштението на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје

 СООПШТЕНИЕ ЗA МЕДУМИ

ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” – наградна игра на ЕлколектДОО во општина Битола

Елколект ДОО во периодот од 04ти Септември 2017 до 31ви Октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Битола да учествуваат во акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер).

  • Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еко магацинот на Елколект лоциран на територија на општина Битола станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.

Еко магацинот на Елколект во општина Битола е лоциран на: ЈП „Комуналец“ ул. 16 ББ – Битола 

  • Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Битола може да добијат и со повик на тел:  02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk

Елколект ДОО, како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017та година, континуирано ги наградува совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната средина и здравјето  на луѓето.

По успешните два циклуси на наградната игра  “Да рециклираме и да се наградуваме”, во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија, Богданци, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, кои резултираа со создавање и негување на одлични навики и интерес кај граѓаните, плодна соработка со општинските тимови и поддршка од градоначалниците, Елколект, во  третиот циклус од наградната игра за собирање на електричен и електронски отпад  ги вклучи општините Охрид, Битола, Прилеп и Дебарца.

Во општина Битола, акцијата започнува на 4-ти септември, а завршува со извлекување на наградите на 31ви октомври 2017.

Награден фонд: ЛЕД ТВ , фотоапарат Sony DSC W800B,  Gigabyte смарт телефон G Class – LTE, Dual Sim, 5.00″ HD IPS(1Z80*720 pix),  Пионир ДВД 2242 и тостер Хјундаи SM626.

Потенцијален добитник на една од овие пет награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект ДОО на територија на Битола.

Секој кој  ќе донесе електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект ќе добие награден купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да го стави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници.

За секој поединечен  апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува можноста за освојување на вредна награда. Одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат,  електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.

Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk и на веб страната на Вашата општина.

Со помош на Елколект ДОО сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични и електронски апарати како: компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници  и сл., и истите ќе ги донесат на одредената локација во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, покрај тоа што ќе имаат можност да се ослободат од електричниот и електронскиот отпад  од своите домови добиваат можност да станат и потенцијални добитници на една од  петте вредни награди.

Компанијата Елколект ДОО во соработка со општина Битола, ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се постапува со овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад може да содржи опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво да се фрла овој тип на отпад заедно со останатиот комунален отпад.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект ДОО сака да се заблагодари на граѓаните кои својот отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите да постапат на ист начин, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и здравјето на луѓето.

 За Елколект

Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија

www.elkolekt.mk + contact@elkolekt.mk