По повод Денот на пролетта во градскиот парк се проведе акцијата “Дај свој придонес – засади  дрво“, во која учество, зедоа ЈП Комуналец, Општина Битола, приватната компанија Интерворкс и останати битолски компании. Акцијата се спроведе во градкиот парк, а садници засадуваа најмалите битолчани од детските градинки, учениците од основното и средното образование, вработените во компаниите кои ги донираа садниците.