ЈП Комуналец , покрај редовното миење на улиците, пешачките патеки во парковите, како и троатоарите на улиците, во соработка со ЈП Водовод, во раните утрински часови, започна со миење и на Широк сокак.

Резултатот ќе биде во насока на намалување на загадувањето на воздухот, почисти улици со помалку прашина, улиците ќе изгледаат поубаво, онака како што доликува за нашиот град Битола.

Генералното чистење ќе се одвива и понатаму по Програмата за работа, која предвидува извршување на повеќе оперативни работи, со цел да се постигне висок степен на чист град и здрава животна средина.

viber_image_2022-05-18_08-09-09-438 viber_image_2022-05-18_08-10-14-989 viber_image_2022-05-18_08-12-46-452 viber_image_2022-05-18_08-14-00-326