Преку одбележување на Envirate Week, во соработка со Општина Битола, јавното претпријатие „Комуналец“ и ОУ „Св.Климент Охридски“ во Битола, во дворот на училиштето засадуваа садници од видовите Evonimus japonica,Tyja brabant  и Juniperus ritinospora. Изминатите денови, истата акција се спроведуваше и во основните училишта „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ и „Коле Канински“.Акцијата се спроведуваше од 6 март до 13 март, со што училиштата стануваат дел од глобална мрежа на училишта и веб-заедница за одржлив развој Environment online. Оваа глобална мрежа е формирана во Финска, а во неа учествуваат над 10.000 училишта од 150 држави во светот.