Во периодот од 7.04 до 8.04.2019 година екипите на ЈП Комуналец извршија акција за собирање на гломазен отпад. Во периодот од 2 дена на барање на граѓаните се собраа 30м³ гломазен отпад. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме граѓаните доколку поседуваат ваков вид на отпад да се јават на телефонските броеви на јавното претпријатие за да истото изврши собирање на ваквиот вид на отпад.