По повод набавката на новото возило булдозер за потребите на депонијата Мегленци, градоначалничката на општина Битола изврши работна посета на депонијата Мегленци. Градежната машина булдожер за работа на депонија, која чини 7 646 400 денари е од голем бенефит за успешно работење на депонијата, како и навремено интервенирање во одредени ситуации, како на пример пожарите при кои во минатиот период, поради застарената механизација, процесот на интервенирање беше значително отежнат.