Екипи на ЈП Комуналец Битола, за време на викендот веднаш по невремето, излегоа на терен, при што презедоа активности за расчистување на состојбата на терен предизвикана од големите врнежи на дожд и силниот ветар.
Собрани беа преку 10м3 земја наноси од неколку критични локации на раскрсница на ул.Партизанска со ул.АСНОМ, ул.Партизанска со ул.Стрчин, ул.Север-југ, кружните текови на ул.Партизанска со ул.Васко Карангелевски, кружен тек Црн мост.
Посебни активности беа превземени од силниот ветар, при што екипите на ЈП Комуналец Битола интервенираа на преку 10 локации за отстранување на паднати дрвја и гранки. Поголеми интервенции беа превземени во градскиот парк Саат кула ул.Анесте Пановски, ул.Димитар И.Мурато, ул.Партизанска и ул.Лавчански пат.
Посебен акцент се даде на Главниот градски парк, Шеталиштето и Тумбе кафе.
Поради невремето, беа превземени активности на дополнително метење на улиците со метларка, а во ноќните часови се изврши миење на главните улици со цистерна.
ЈП КОМУНАЛЕЦ БИТОЛА СЕКОГАШ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ!!!!!