ЈАВНО ЗЕЛЕНИЛО
Основна дејност на оваа
работна единица
е одржување
на јавните зелени
и прометни површини
на територијата
на Општина Битола.
Покрај ова, во оваа РЕ
се врши и производство
и продажба на цвеќе.
РЕ Јавно зеленило располага со расадник, цвеќара
(отворена и стакленик) и продавница за продажба
на цвеќе.
Три дрвца за 100 години произведуваат толку кислород колку што му е потребно на еден човек за 60 години.
Расадникот во ЈП Комуналец во Битола се наоѓа во две локации;
· Едниот во с. Радобор
· Другиот во близина на Св.Неделските гробишта
Основна дејност е производство и продажба на растителниот материјал. Исто така вршиме проектирање, изведба и одржување на зелени површини. Во производството на растителниот материјал со многу внимание и стручност се произведуваат зимзелени и листопадни садници со висок квалитет.
За планирање и уредување на дворови, паркови и комплетно опремување на екстериери користиме садници од сопствениот расадник кој е богат со различни видови на декоративни дрвја, четинари, жива ограда и цвеќе.
Во уредувањето на ентериери уптребуваме собно лиснодекоративно и во цвет саксиско цвеќе од сопствено производство кое е со висок квалитет од ботаничката градина која се наоѓа на улица Иво Лола Рибар.
Ако сакате својот животен и работен простор да го оплемените, да се приближите себеси до природата и бидите дел од неа, посетете го продажниот простор во продавницата за цвеќе ИКЕБАНА. Тука се наоѓа голем асортиман од саксиско и режано цвеќе од сопствено производство, тресет, цветни аранжмани и декоративни растенија. Вршиме проектирање, подигање и одржување на зелени површини и индивдуални дворови, изработка на цветни аранжмани, букети, икебани и нивна достава до вашите домови.Во оваа дејност работи искусен, креативен и стручен тим. Тим кој постојано ги прати новитетите во пејсажната архитектура на индивидуални и јавни површини.Изработуваме креативни проекти, ја разубавуваме вашата околина, подигаме дрвореди со дебела сенка, и му даваме живост на вашиот град.



Употребен материјал во разубавувањето на градот

За секоја информација и консултација нашите служби ви стојат на располагање...

богато опремена продавница со сите видови на саксиско и режано цвеќе како од сопствено производство, така и од увоз...
Покрај сопствените расадници од пред одредено време во владение на ЈП Комуналец е и расадникот во с.Радобор во чиј состави располагаме со семениште, растило, ожилиште, метичњак, производство на декоративни садници, цвет од луковици како и површини за други намени.
Се располага со околу 400 садници готови производи, околу 2200 садници -полупроизводи, околу 1000 садници-резници, 5000 садници ружи, 6000 садници гладиоли, 2000 садници - ирис, 1000 садници - крин. Со работите раководи стручно образовен кадар како и добро обучени работници...



Подигнати нови паркови:
1. Парк Довлеџик - чистење на теренот и садење садници
2. Парк Мирка Гинова -сечење дрва, рамнење на теренот, хортикултурно решавање на теренот, поставување на клупи
3. Парк Тера телевизија - чистење и рамнење на терен, и садење садници
4. Парк улица Борис Бастерот - хортикултурно уредување, садење садници и поставување на клупи
5. Парк кај Маркет Сезам во новА Битола - рамнење на теренот и садење садници
Поставување на корпи за отпадоци:
1. Автобуските постојки во градот
2. Ул. Партизанска
3. Ул.В.Карангелевски
4.Бул. 1ви Мај
5. ул. Иван Милутиновиќ
6. Во сите паркови во центарот на градот
Парк шума Тумбе Кафе
Расчистување на пешачките патеки од стари и исушени дрва кои попречуваат за непречено движење на рекреативците. Поставување на клупи од дрво.
Повеќе ќе се информирате од деталните извештаи:
Извештај
за работењето во периодот
2005 - 2008 година::..![]()
Финансова програма на Јавни зелени
површини
за 2009 година::..
Активности на ЈП
Комуналец во 2009год.
Во текот на 2009год. ЈП Комуналец превзеде повеке активности од типот
уредување на јавни зелени површини кои беа прдвидени со предлог
програмата за 2009год. Хортикултурно уредување на паркот Стив Наумов.
Поставување на детски реквизити, реконструкција на тревната површина,
формирање на цветни фигури, засадување на садници од мини ружи 100
парчина како и зимзелени садници од видот Picea Pungens. Направена е
биодекорација на фонтаната кај саат кулата со лисно декоративни
зимзелени садници. Поставени се бетонски жардињери во центарот на
градот. Хортикултурно е уреден дел од паркот кај домот на културата (кај
стара болница) Изработено е трајно решение околу фонтаната накарши Завод
Музеј и Галерија.
Хортикултурно е уреден паркот на ул. Прилепска кој што парк претходно
беше со деформиран тревник и уништени садници. Засадени се зимзелени
лисно декоративни садници на делови од зелените површини од ул.
Прилепска. Извршена е дополнна со листопадни дрвја на ул. Партизанска и
Градско шеталиште. Затревен е третиот дел од паркот и во истиот се
засадени листопадни и зимзелени садници.
Посебен акцент во 2009 е даден на јавната чистота во градот заради
обезбедување на здрава и чиста животна средина. За таа цел поставени се
садови за одпадоци на повеќе места во градот. Заради големата
фреквентност низ градот имаше потреба од поставување на ___ садови за
одпадоци. Континуирано се обавуваа дејности од типот метење и миење на
улиците, собирање на смет и чистење на снегот во зимски услови. За
обавување на овие дејности беа вклучени ___ работници кои беа опремени
со сите видови алатки, машина за метење, цистерна за миење на улиците и
машина за чистење на снегот. Сите овие дејности кои ги обавуваме се од
големо значење за животот во една здрава урбана средина.
РЕ Јавно зеленило изработува аранжмани од режано цвеќе за
најразлични пригоди и манифестации