КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
Основна дејност на оваа работна
единица е собирање, изнесување
и депонирање на комунален смет
од индивидуални корисници и правни
субјекти на територијата на Општина
Битола во 2009 година и тоа:
Во возниот парк на оваа РЕ има 16
специјални возила за подигање
на смет, 1 подигач на големи
контејнери, едно возило
за собирање на отпадна хартија,
една цистерна за миење
на јавните прометни површини
и полевање на јавните зелени
површини, 2 трактори и
3 лесни
возила.
на РЕ Комунална хигиена
во
2008 година::..![]()
Број на подигнати тури во 2009
година:..![]()
Количини на подигната отпадна
хартија во 2009 година
![]()
Број на подигнати возила од пајак
служба за 2009 година
![]()
Приходите од ѓубретарина во претпријатието се од
фактурирана реализација која во последно време
заради општата економска сотојба на населението
е прилично намалена. Како олеснување на
корисниците им беше понудено да склучат спогодби
со ЈП Комуналец за отплата на својот
долг на рати, а на социјалните случаи својот долг
да го одработат.
Организација на подигање на смет на град Битола
Реоните се физички поделени и со исклучоци во тесните улици се подига
со малите возила. За собирање на стара хартија е формиран посебен реон, со едно специјализирано возило.
Организациона и интегрирана шема за собирање на
комунален отпад на територија на општина Битола
Со цел да се овозможи најбезбедно и најекономично собирање и транспортирање на комуналниот и другиот неопасен отпад на територијата на општина Битола, од местото на неговото создавање до местото на неговото отстранување, воспоставена е организациона интегрирана шема за собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад и другите видови на неопасен отпад. Интегрираната мрежа претставува систем на објекти и инсталации, како и систем на постапки за управување со отпадот, меѓусебно поврзани на начин со кој се овозможува намалување на количините на создаден отпад, повторно искористување на употребливите состојки на отпадот како и исполнување на обврските за селектирање, собирање, транспортирање и депонирање на отпадот.
1. Собирање на комуналниот и другиот неопасен отпад
1.1 Систем на изнесување
Општина Битола е град со вкупно 337 улици, 21887 физички лица и 2325 правни лица. Во градот Битола распоредени се 1350 контејнери од 1,1 м³ и 35 контејнери од 5м³.
Системот на собирање на комуналниот отпад во општина Битола се спроведува по:
1.1. систем на изнесување;
1.2. систем на донесување.
По системот на изнесување отпадот се собира од определени места и во определено време, каде што претходно е изнесен од поседувачите во садови за соодвентна намена. По системот на изнесување се собира отпадот од физички лица односно од домаќинствата и комерцијален отпад од правни лица. Комуналниот отпад се собира од соодветни садови за собирање на комунален отпад со големина од 1,1м³ и 5м³. Празнењето на контејнерите се врши во работни денови од понеделник до петок од 7 до 14 часот. Критичните места во градот, односно садовите за собирање на комунален отпад од централното градско подрачје се собираат два пати во денот со секојдневна релација комбинирана со дежурно ноќно возило со точно одредена релација. Празнењето на садовите со комунален отпад со дежурното ноќно возило се врши во следните термини:
Ø во период од 1 април до 1 октомври од 19 часот до 02 часот;
Ø во период од 1 октомври до 1 април од 17 часот до 24 часот.
За време на викенд, односно сабота и недела собирањето на комуналниот отпад се врши со дежурни возила со точно определена релација.
Собирањето на комуналниот отпад од индивидуални корисници се врши еднаш во неделата, односно од колективни стамбени објекти се врши два пати во неделата (понеделник-четврток, вторник-петок).
Садовите за собирање на комуналниот отпад се правилно поставени така што не се нарушува патниот сообраќај повеќе од потребното и дозволеното. За таа цел се изработени 40 ниши засеци на коловозната лента за поставување на садовите за собирање на комуналниот отпад.
Постоечкиот број на садови за собирање на комунален отпад од 1,1м³ ги задоволува потребите на граѓаните на општина Битола.
1.2 Систем на донесување
По системот на донесување се собира претходно селектиран отпад стара хартија од правни и физички лица, донесенана од нивна страна во стопанскиот двор на ЈП Комуналец Битола. Истата се балира и се предава на АД Комуна Скопје.
1.3 Собирање на габаритен отпад
Собирањето на габаритниот отпад од домаќинствата се врши со организирана мобилна услуга од стана на ЈП Комуналец Битола во текот на годината. Имено во соработка со месните организации по точно определена шема секој последен петок во месецот мобилните екипи го собираат габаритниот отпад во присуство на поседувачот на габаритниот отпад.
2. Селективно собирање на комуналниот отпад
2.1 Селективно собирање на хартија
На територијата на општина Битола во 2005 година отпочнат е процес за селктивно собирање на стара хартија. Собирањето на старата хартија се врши по систем на изнесување и по систем на донесување.
По системот на изнесување старата хартија се собира од 20 садовите специјално наменети за собирање на истата т.н. (кошеви). Правните и физичките лица ја ставаат старата хартија во садовите по што специјално возило на ЈП Комуналец ја собира и ја транспортира во кругот на јавното претпријатие каде истата се балира и се предава на правни лица кои се надлежни за понатамошен третман на истата.
По системот на донесување правните и физичките лица можат старата хартија да ја донесат во кругот на јавното претпријатие каде истат се прима, се балира и се предава на правни лица за понатамошен третман.
Собирањети на старата хартија се врши од понеделник до петок во период од 7 до 14 часот.
2.2 Селективно собирање на ПЕТ пластика
На територијата на општина Битола во 2008 година отпочнат е процес на селективно собирање на ПЕТ пластика. Собирањето на истата се врши по систем на изнесување. За таа цел поставени се 32 специјани садови за собирање на ПЕТ пластика. Правните и физичките лица ја ставаат ПЕТ пластиката во садовите наменети за таа намена по што специјално возило од ЈП Комуналец ја собира истат и ја транспортира до правните лице надлежни за понатамошен третман на истата.
Собирањето на ПЕТ пластиката се врши дват пати во неделата во вторник и петок во период од 7 до 14 часот.
3. Транспортирање на комуналниот отпад и другиот неопасен отпад
Собирањето на комуналниот и другите видови на неопасен отпад се врши со специјани моторни возила кои што обезбедуваат сигурен и безбеден транспорт на отпадот од местото на неговото собирање до местото на неговата крајна испорака односно депонирање. Возилата овозможуваат натоварениот отпад да биде безбеден за транспорт. Истите се соодветно обележани за да се види јасно нивната намена и вршителот на јавната услуга. Составен дел на опремата на возилата се и средствата за собирање на расфрлениот отпад надвор од садовите за собирање на отпадот.
Специјалните моторни возила ги исполнуваат важечките барања и стандардите за димензиите, вкупните маси и осното оптеретување. Специјалните возила за собирање и транспортирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад редовно се одржуваат во исправна состојба. За таа цел се грижи механичарска работилница во состав на ЈП Комуналец.
За собирање и транспортирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад на територија на општина Битола ангажирани се вкупно 16 специјални возила.
3. Депонирање на комуналниот и другите видови на неопасен отпад
Депонирањето на комуналнот и другите видови на неопасен отпад се врши во депонијата Мегленци на 17 км од градот Битола. Заради непосредната близина на рудникот Суводол каде се врши експлоатација на лигнит околината на депонијата е прилично деградирана така да нема значајни негативни влијанија врз животната средина. Депонирањето на комуналниот отпад се врши по површинска метода, а теренот овозможува услови за проширување на просторот за депонирање. На депонијата обезбедени се доволни количини на прекривен материјал. За нормално функционирање на депонијата ангажирани се 4 работници. Истата е под 24 часовен надзор ос стражарска служба.
За депонирање на комуналниот отпад ангажирана е следната механизација: ТГ-80, Катерпилар К-977, ГХ-600, камион Краз и цистерна Фап 1314.
Дневно се депонираат околу 65 тони на комунален отпад.
Реони за подигање на комунален отпад>>
Собирање и транспортирање на комунален отпад
РЕ Комунална хигиена врши услуга на собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад на територија на општина Биотла.
Бројот на корисници на комуналната услуга изнесува 21,800 физички лица и 2352 правни лица.
Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад се врши со специјални возила наменети за таа цел. За собирање и транспортирање на комуналниот отпад градот Битола е поделен на 12 реони каде собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад се врши со специјални возила автосмечери, во еден реон се врши подигање на контејнери од 5м³, во еден реон се врши селективно собирањена стара хартија и пластика.
За собирање и транспортирање на комуналниот отпад во општина Битола ангажирани се 14 специјални возила, 1 возило подигач, 1 возило за собирање на хартија и пластика.
За собирање на комуналниот отпад во градот вкупно се распоредени 1350 контејнери 1,1 м³ и 35 контејнери од 5м³.
Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад се врши организирано во текот на целата година во претпладневната смена додека додека за време на викендите ангажирани се дежурни возила. Критичните места од градот, односно централното градско подрачје се подига со секојдневна релација комбинирана со дежурно возило (ноќно возило).





