ЈП Комуналец Битола во соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО Скопје отпочнува проект за собирање на отпадна пластика (РЕТ) од индивидуалните домаќинстава на територијата на општина Битола. За таа цел во првата фаза на почетокот на проектот обезбедени се 500 пластични канти со волумен од 120 литри за распоредување по индивидуални домаќинства.